17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимизмот во ЕУ беше поттик за раст на индексите на азиските пазари

Оптимизмот во ЕУ беше поттик за раст на индексите на азиските пазари

berzi azija 2994
Азиските берзи во новата година влегоа со стабилна основа, па така во вторникот цените на акциите забележаа пораст, откако минатата недела доларот зајакна.

Индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Шангај и Австралија околу 7:00 часот беа во плус помеѓу 0,4 и 1,1 отсто.

На берзата во Токио поради празници не работеше, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7,00 часот беше во добивка од 0,4 отсто.

Откако минатата година се зголеми за 3,7 отсто, што беше и неговата најдобра година во последните четири, утринава MSCI индексот дополнително зајакна, меѓу другото, поради доброто расположение на европските берзи.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции вчера се зголеми за 0,5 отсто и го достигна највисоко ниво во последните две години, што е благодарение на подобрите отколку што се очекуваше податоци за зајакнување на активностите во производствениот сектор во евро зоната.

На Волстрит пак поради празниците вчера не се работеше, но S&P 500индексот моментално е е во добивка од 0,3 отсто, па се очекува раст на цените на акциите на најголемата светска берза во првиот работен ден од оваа година.

Во фокусот на инвеститорите е шангајската берза, на која цените на акциите утрово значително пораснаа, откако минатата година забележа пад од 11,3 отсто, што е нивната најголема загуба во последните пет години.

Локалните инвеститори го охрабри податокот дека во декември минатата година активностите во кинескиот трговски сектор се зголемија повеќе од очекуваното , при што побарувачката зајакна, а производството достигна највисоко ниво во речиси шест години.

На пазарите позитивно влијание имаше и континуираниот раст на цената на нафтата, откако минатата година се зголеми за околу 50 отсто, што беше најголем раст од 2009 година, а се должи на одликата на OPEC да го намали производството.

На американските берзи цената за барел порасна за 0,7 отсто, на 54,07 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе за 0,6 отсто, на 57,18 долари.
И на девизните пазари во првите денови од новата година доларот зајакна по минатонеделната корекција.

Вчера неговиот индекс, која ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни валути, се зголеми за 0,5 отсто, упатувајќи се кон највисоко ниво во 14 години.
Ова утро, сепак, девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута склизна за 0,1 отсто на 117,38 јен откако вчера скокна за 0,6 отсто.

Доларот во однос на еврото вчера се зголеми за 0,6 отсто, но ова утро тој изгуби дел од добивките, па цената на еврото се зголеми за 0,2 отсто, на 1,0470 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП