24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАICAO: Во 2016-та 3,7 милијарди луѓе летале со авиони

ICAO: Во 2016-та 3,7 милијарди луѓе летале со авиони

patnici-avion3

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) соопшти дека патничкиот сообраќај во светот, во 2016 година, пораснал благодарение на нискотарифните авиокомпании.

Во текот на 2016 година, 3,7 милијарди луѓе патувале со авиони ширум светот, што е шест отсто повеќе отколку во 2015 година.

Растот е најизразен во Азија +8 отсто, на Блискиот Исток +11,2 отсто, Латинска Америка +6,5 отсто, и во Африка +5,7 отсто, додека темпото на раст е пониско во Европа +4,3 отсто и Северна Америка +3,5 отсто.

Нискотарифните авиокомпании осигурале 28 отсто од светскиот превоз и прв пат надминале милијарда патници.

Тие компании во Европа превезле третина од сите патници во Азија 31 отсто, а во Северна Америка 25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП