21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Тековно одвивање на сообраќајот

АМСМ: Тековно одвивање на сообраќајот

amsm

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП