17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАThe Guardian: Јункер бил против напорите на ЕУ во борбата со даночните...

The Guardian: Јункер бил против напорите на ЕУ во борбата со даночните затајувања

zan

Претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер со години додека беше премиер на Луксембург, ги блокирал напорите на Европската унија(ЕУ) во борбата против даночните затајувања, тврди британскиот весник The Guardian, повикувајќи се на германски дипломатски документи.

The Guardian пишува дека имал увид во доверливи германски дипломатски документи за делувањето на еден одбор, формиран за да се дефинира кодексот на однесување во поглед на фискалната политика. Одборот бил формиран во 1998 година, а земјите членки тогаш ветиле дека нема да водат нелојален натпревар во оданочувањето на компаниите.

Доверливите документи се во посед на The Guardian и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој минатата година ја откри аферата „панамски документи“.

Британскиот дневник пишува дека дел од земјите членки всушност ги блокирале напорите на ниво на ЕУ околу борбата против затајување данок, спротивно на целта за која е основан овој одбор, а Луксембург често бил предводник во попречувањето на постигање консензус.

The Guardian тврди дека станува збор за еден од најтаинствените одбори во Брисел, што е формиран за да се избегне под притисок на сѐ помоќните мултинационални компании земјите членки да бидат изиграни така што профитот на овие компании во најголем дел би му побегнал на даночното кастрење.

„Уште еднаш стана појасно дека повеќето земји не се заинтересирани за вистински реформи…особено, луксембуршките претставници говореа дека ќе се спротивстават на тоа нивните аргументи изнесени во тој одбор да бидат јавно објавени“, се вели во една белешка на која се повикува The Guardian.

Бидејќи тој одбор функционира врз основа на консензус, секоја од земјите членки може да блокира или да ги разводни предлозите што не им одат во прилог.

Јункер беше премиер на Луксембург од 1995 до 2013 година, а во тој период едно време ја вршеше и должноста министер за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП