23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБитолска млекара наградена за најдобра општествено одговорна практика

Битолска млекара наградена за најдобра општествено одговорна практика

IMG_2674

Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност и доделија награда на Битолска Млекара за најдобра општествена практика за организираната хуманитарна акција „Прегратка на дар“.

Битолска млекара ја доби наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници – децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.

Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекара е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара.

IMG_2693

Битолска Млекара има можност акцијата „Прегратка на дар“ да ја претстави и на европско ниво во склоп на иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Ова е прв пат наградата за најдобра општествено одговорна практика да ги надмине националните рамки и стане дел од иницијативата поддржана од Европската комисија.

IMG_2688

 

IMG_2687

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП