9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорошенкo има план како Украина да се ослободи од имиџот „најкорумпирана држава...

Порошенкo има план како Украина да се ослободи од имиџот „најкорумпирана држава во Европа“

27128820758668054080ac647167511_w640

Украинскиот претседател Петро Порошенко привремено и забрани на Даночната управа да врши контрола во компаниите во обид да се привлечат инвестиции и да се намали корупцијата.

Таа мерка, исто така, би требало да овозможи и напредок на малите бизниси, дозволувајќи им работа без никакви инспекции во текот на три години, пренесува агенцијата Франс прес.

Законот усвоен денес, како што наведува АФП, претставува чекор напред кон воведувањето на строги органичувања на овластувањата на даночната полиција.

„Ова значително ќе го намали бројот на инспекции на контролните органи. Ќе видиме квалитетен пресврт во инвестициите и даночната клима“, се наведува во соопштението на украинскиот претседател.

Украина настојува да се „ослободи“ од имиџот на најкорумпирана држава во Европа кој минатиот месец го доби од Европскиот ревизорски суд.

Украинската даночна власт и другите инпекции, како што наведува АФП, се познати по примањето на мито како награда за дозволување за работа на компаниите кои се фатени во прекршок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП