27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБоинг заработи чисти 1,1 милијардa долари

Боинг заработи чисти 1,1 милијардa долари

boing2

Американскиот гигант Боинг во првиот квартал од оваа година забележа раст на нето приходите од 20 проценти, на 1,1 милијарда долари, првенствено благодарение на даночниот кредит. Вкупнитe приходи се намалени за три проценти – на 18,9 милијарди долари.

Боинг, кој претходно објави дека проблемите со 787 „Дримлајнер“ нема значително да влијаат на заработката на компанијата, повторно ја потврди прогнозата за профит во тековната година.

Американската компанија во првиот квартал испорача само еден 787 „Дримлајнер“, додека минатата година во истиот период беа продадени пет авиони. Вкупната испорака на авиони во првиот квартал остана непроменета во однос на минатогодишните 137 авиони.

-Наш приоритет во наредниот период е да се реши проблемот со „Дримлајнерот“, како и да продолжиме со испораката на овој авион, изјави извршниот директор на Боинг, Џим Мекнерни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП