24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија бележи најниска инфлација од распадот на СССР

Русија бележи најниска инфлација од распадот на СССР

rusija-ekonomija-ruru

Инфлацијата во Русија во 2016 година паднала на 5,4 проценти, што е најниското годишно ниво од колапсот на Советскиот сојуз пред четвртина век, покажаа денес објавените прелиминарни проценки на руската национална статистичка агенција Ростат.

Ростат соопшти дека и потрошувачките цени пораснале за 0,4 проценти во декември во однос на ноември, што е еднакво на стапката на раст од претходните два месеци, пренесува агенцијата Франс прес.

Претходниот рекорд кога станува збор за најниската годишна инфлација е забележан во 2011 година, кога потрошувачките цени пораснале за 6,1 процент.

Инфлацијата во Русија, како што наведува АФП, значително забави во 2016 година од 2,9 проценти регистрирани минатата година, што донесе извесно смирување кај потрошувачите погодени од високите цени на храната и другите производи.

Падот на цените на нафтата и западните санкции предизвикаа пад на вредноста на рубљата во 2014 и 2015 година, што драстично го поскапи увозот на потрошувачка стока, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП