29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Просечната плата изнесува 503 евра

Црна Гора: Просечната плата изнесува 503 евра

crnagora-zastava-600x378

Просечната заработка без данок и придонеси во Црна Гора во ноември, според податоците на црногорскиот Завод за статистика, Монстат, изнесувала 503 евра и била за 0,2 проценти поголема отколку во октомври.

„Ако се земе во предвид дека потрошувачките цени во ноември во однос на октомври останале на истото ниво, произлегува дека реалната нето заработка забележала раст од 0,2 проценти“, се наведува во соопштението на Монстат.

Просечната бруто заработка во ноември изнесувала 756 евра.

Просечната заработка без даноци и придонеси во ноември, во однос на октомври, пораснала во секторите останати услужни дејности за 2,9 проценти, а во секторот за недвижнини за 2,7 проценти,

Пад е забележан во секторите за земјоделство, шумарство и рибарство за 4,2 проценти и услугите за сместување и исхрана 3,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП