15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРубљата поевтини во однос на доларот по санкциите од страна на САД...

Рубљата поевтини во однос на доларот по санкциите од страна на САД против Русија

rub-dolar3

Денеска Руската рубља поевтини во однос на доларот, откако САД соопштија дека ќе прогонат 35 руски дипломати. Првично и руското МНР ја повика Москва да возврати на мерката, но на крајот претседателот Владимир Путин најави дека Кремљ нема да презема реципрочни мерки.

Причината за одлуката на Вашингтон е дека според американските власти руското разузнавање стои зад сајбер нападите за време на предизборната кампања во САД. Покрај избрканите 35 дипломати има и санкции наметнати токму против четворица високи членови на „ГРУ“.

Руската рубља се тргува со пад од 1% до 61,0506 рубљи за долар кон 16:30 часот. Во четвртокот курсот беше околу 60,20 рубљи за долар, потсетува „MarketWatch“.

Во последно време имаше тензии меѓу САД и Русија. Кремљ беше предмет на обвинувања дека стои зад сајбер нападите над Конференцијата на Демократската партија во САД, како и над подршка на Џон Подеста, кој беше претседател на изборниот штаб на Хилари Клинтон.

Петочната динамика на рубљата може да се покаже како краткотрајна, особено ако нема нови големи санкции од страна на администрацијата на Барак Обама. Генерално рубљата беше посилна во 2016-та година, а поскапе со над 16% во однос на доларот. Генерално тоа се придава на обновата на цените на нафтата.

Друг фактор во поддршка на руската валута беше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, што се смета за позитивен развој за Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП