1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧекот заминува во историја: Старомоден е, го укинуваме

Чекот заминува во историја: Старомоден е, го укинуваме

cek3993

Данска, земјата која користи интернет, дури и кај минималните трансакции, официјално го укинува банкарскиот чек.

Oбразложувањето на владата за овој потег е дека чекот застарел и станал старомоден начин  на плаќање. Одлуката стапува на сила на 1-ви јануари.

Данците често ги користеле чековите во осумдесетите години од минатиот век, во последните години тие ја губеа популарноста.

Данците се светски лидери во безготовинското плаќање кој е вообичаено дури и за купување на едно пакетче мастики. Тамошната влада одамна предложи укинување на обврската на трговците да примаат готовина.

„Чековите и готовите пари имаа свое време, но сега е готово“, вели Ен Лекам Ериксен, економист.

Според нејзините зборови, нема причина некој да се жали на одлуката.

„Постојат многу подобри, побрзи и побезбедни алтернативни и речиси не постои некој во земјата кој ги користи чековите“, вели таа.

„Потребно е неколку дена да се спроведат проверки кога станува збор за чекот, за „онлајн“ трансакциите да се извршуваат за само неколку секунди“, додава Ериксен.

Oколу 600.000 чекови се изработени во Данска во текот на оваа година, но тие беа главно за бизнис трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП