27 јуни, 2025
ПочетнаКАРИЕРАЗаљубете се во вашата работа

Заљубете се во вашата работа

lovework1

Сите понекогаш се чуствуваме како заробеници во сопствената работа, се будиме наутро и со мака се подготвуваме за работниот ден кој штотуку започнал.

Но, психологот Тимоти Шарп тврди дека со малку труд можете да ја засакате својата работа и со насмевка да седите во работното место.

“Нормално дека не можеме сите да бидеме 100% среќни цел ден, но можеме да бидеме задоволни”, вели Шарп.

Психологот советува најнапред да бидете благодарни што воопшто имате работа, а тогаш да се фокусирате само на добрите страни на работата која ја извршувате.

“Многу од нас се фокусираат на лошата страна на работата, што не е во ред. Иако ќе наидете на колеги кои нема да ви се допаѓаат, секако дека има и од оние со кои би си поминале убаво, ќе се напиете кафе и ќе си поразговарате.

Немојте постојано да се жалите, а да не превземате ништо за подобрување на ситуацијата и адаптирање во средината”, објаснува Шарп.

“Потсетете се на целите на вашата работа и така самите ќе се мотивирате”, нагласува психологот.

Исто така, луѓето често се заморуваат со неважни работи за кои понекогаш сметаат дека се важни, а не се ни нивна грижа.

“Не се откажувајте од работата, но не работете бескорисни работи кои ги мразите. Така ќе се чуствувате многу подобро”, заклучува Тимоти Шарп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар