7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Бразил стана двоцифрена

Невработеноста во Бразил стана двоцифрена

brazil_unemployment-jpg_1718483346

Стапката на невработеност во Бразил повторно порасна, и во три месеци заклучно со ноември достигна 11,9 проценти, соопшти бразилското биро за статистика IBGE.

Таквата стапка на невработеност е речиси за 3,0 процентни поени поголема во однос на истиот период минатата година и е највисока од 2012 година, кога Бразил ја промени техниката за мерење на невработеноста, пренесува агенцијата АП.

Бразилската економија регистрираше пад во шест последователни квартали, а владата се надева дека со пакетот реформи ќе успее да ја поврати економијата на патеките на растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП