22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција забележа буџетски суфицит од 3,8 милијарди евра над предвидената цел

Грција забележа буџетски суфицит од 3,8 милијарди евра над предвидената цел

gre3999

Примарниот буџетски суфицит на Грција за првите 11 месеци од годината достигна 7,4 милијарди евра, што се должи на зголемените приходи и ограничувањето на трошоците, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на податоци на Министерството за финансии.

Вишок е со 3,8 милијарди евра повисок од предвидената цел кон крајот на ноември. Ако ништо неочекувано не се случи до крајот на фискалната година, тој ќе надмине 1% од бруто домашниот производ, посочува весникот.

Нето приходите во државниот буџет се во износ од 47,94 милијарди евра, а се зголемуваат за 1,5 милијарди евра, или 3,2%, во споредба со предвидената цел.

Податоците на Министерството покажуваат дека даночните обврзници платиле 144 милиони евра повеќе во форма на данок на доход, а платените корпоративни даноци во касата внеле 423 милиони евра повеќе. Специјалните даноци на потрошувачката, како што пример е данокот на тутунот, обезбедиле дополнителни 133 милиони евра.

Буџетските трошоци се во износ од 42,44 милијарди евра, што е за 1,29 милијарди евра помалку во однос на поставената цел, додека примарните расходи се разминуваат со целта со 846 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП