9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBombardier доби голема нарачка од Австрија

Bombardier доби голема нарачка од Австрија

bombardier33543

Австриската железничка компанија „Österreichische Bundesbahnen“ (ÖBB) нарачала 300 возови за блиски растојанија и регионален превоз од канадскиот производител „Bombardier Transportation“. Соодветниот договор за возовите од новиот тип „Talent 3“ беше потпишан вчера, објави Концернот. Нарачката е во вредност од 1,8 милијарди евра.

Договорена е испорака на 21 воз во вредност од 150 милиони евра. Тие ќе бидат произведени по септември 2017-та година во фабриката на компанијата „Hennigsdorf“ во Берлин и ќе бидат доставени до 2019-та година. За следните снабдувања се уште не е прецизирана фабриката производител.

„Овој договор е огромен успех за „Bombardier““, појаснува Кристијан Дивалд, шеф на австриската единица на компанијата – „Bombardier Transportation Austria GmbH“. Од претходните модели на семејството „Talent“ во Европа и Канада има околу 1.400 возови.

Со својата централа во Берлин „Bombardier Transportation“ е единицата за возови на канадскиот производител на возови и авиони „Bombardier“. Таа има околу 40.000 вработени.

Во рамките на последното преструктуирање до крајот на 2018-та година се очекува компанијата да отпушти 7.000 работници во глобален план. Овие кратенки ќе бидат делумно компензирани од ангажирањето на персонал во некои области со раст, а особено во поддршка на забрзување на програмите и стратешките проекти во светски рамки.

Во 2015-та година компанијата забележа пад на приходите од речиси 10 отсто до 18,2 милијарди долари. Поради отпишувањето, Концернот е во загуба од над 5,3 милијарди долари, откако во 2014-та година загубата изнесуваше 1,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП