17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториски мал бројот на Американци кои бараат помош

Историски мал бројот на Американци кои бараат помош

ap_945620661004-620

Помалку Американци минатата недела се пријавиле за социјална помош за невработени, со што се продолжува двегодишниот тренд на солиден пазар на труд.

Минатата недела се пријавиле 265.000 лица за социјална помош за невработени, што е намалување за 10.000, соопшти Министерството за труд.

Во изминатата година бројот на невработени кои примаат помош од државата се намалил за речиси пет проценти.

Како што наведува агенцијата АП, истриски малиот број на лица кои бараат помош за невработени е позитивен знак за економијата. Неделните барања за невработени под 300.000 укажуваат на здраво ниво на вработување.

Работодавците во последните 12 месеци отвориле 2,25 милиони работни места. Стапката на невработеност во ноември падна на 4,6 проценти, што е најниското ниво во последните девет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП