7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакво влијание имаа атентатите врз туристичката индустрија во 2016-та година

Какво влијание имаа атентатите врз туристичката индустрија во 2016-та година

avion3994

Ница, Брисел, Берлин, Истанбул. Нападите во овие градови ќе останат во историјата. И иако животот таму полека се враќа во нормален ритам, ужасот од теророт донесе неповратна загуба за туристичките топ дестинации.

Според експерти во областа на туризмот следната година ќе се појави како критична за индустријата.

„2017-та година ќе се појави како година со доста силен печат од она што го видовме во 2016-та година, при што се откажа од патувања кон Египет, Тунис и соодветно Франција, Белгија и во одреден степен и Германија, мали и многу познати, мирни, од кои туристите имаат многу добри впечатоци“, велат од европскиот Институт за анализи и проценки во туризмот.

Според туроператорите нападите би се одразиле на туризмот во одделните земји во зависност од тоа дали станува збор за изолиран случај или серија од напади.

„Во нашиот бизнис грубо зборуваме дека луѓето се сеќаваат 40 дена и единечен напад во Европа се заборава многу брзо, освен тоа во големи земји како што беше во Ница, Франција и сега во Германија, тие се сметаат за сигурни земји и обично се земаат многу брзи мерки, но земји каде има серија од слични терористички акти, каде што целта е туризмот, тогаш станува страшно“, изјави од здружението на европските туроператори.

И покрај терористичките напади и оваа години Париз испадна топ дестинација за новогодишните празници. Зголемен интерес туроператорите забележаа кон земји како Португалија, Кипар и Малта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП