6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза кредитирањето во еврозоната

Забрза кредитирањето во еврозоната

132980277558652f8e36b9f915144757_w640

Кредитирањето на домаќинствата и компаниите во еврозоната забрза во ноември, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на банкарските кредити кои во ноември им се одобрени на домаќинствата во еврозоната порасна за 1,9 проценти на годишно ниво, во споредба со растот на кредитирањето од 1,8 проценти во октомври, додека кредитирањето на компаниите порасна за 2,2 проценти, што е повеќе во однос на растот од 2,1 проценти во октомври, пренесува агенцијата Франс прес.

Главниот економис на компанијата IHS Markit, Хаувард Арчер, ги нарече најновите податоци „поволни вести за ЕЦБ“.

„ЕЦБ особено ќе го поздрави забрзувањео на стапката на раст на кредитирањето на компаниите во еврозоната на петгодишен максимум во ноември“, вели Арчер.

ЕЦБ покрена поттикнувачка програма без преседан со цел да го зголеми кредитирањето и инфлацијата во еврозоната. Поради забавеното закрепнување и заканувачките финансиски и политички ризици во 2017 година, претседателот на ЕЦБ Марио Драги претходно овој месец најави дека таа институција ќе го продолжи траењето на шемата за откуп на обврзници чија задача е „вбризгување“ ликвидност во економијата.

Инфлацијата во 19-члената еврозона во ноември порасна на двеиполгодишен максимум од 0,6 проценти, што е сигнал дека напорите на ЕЦБ започнуваат да даваат резултати. Тоа, сепак, сеуште е значително под целта на ЕЦБ од нешто под 2,0 проценти, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП