26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 20 години се продава првото трговско земјиште во Хонг Конг

По 20 години се продава првото трговско земјиште во Хонг Конг

garaza-hk22

Владата на Хонг Конг ја објави првата продажба на трговско земјиште во централната бизнис-област на градот од над 20 години, соопштува „Bloomberg“.

Објектот, кој во моментов се користи како паркинг на неколку ката, е околу 2.800 м2, покажува изјавата на владата објавена доцна во четвртокот. Земјата се проценува меѓу 15,8 и 17 милијарди хонгконгшки долари (меѓу 2,03 и 2,2 милијарди долари), посочува Винсент Чеонг, извршен директор за оценување и консултациите за Азија во „Colliers International“.

Ова е прв објект за трговска изградба, кој се продава во центарот на Хонг Конг од 1996-та година, вели Чеонг, а кириите ќе дефинираат „нов репер“ за канцелариите во овој дел на градот.

Продажбата на објектот се планира за првиот квартал од следната година. Таа се случува по некои рекордни трансакции на пазарот за канцеларии во Хонг Конг како резултат на силната побарувачка од кинески компании.

Продажбата може да привлече доста внимание, ако се има во предвид недостатокот на нов придонес и исклучително слабото присуство на слободни првокласни канцеларии во регионот, вели аналитичарот на „Bloomberg Intelligence“, Патрик Вон. Потенцијално високата цена може да ја „стимулира“ инвестициската побарувачка на канцелариски имот во центарот на градот, а во продажните цени на постојните канцеларии во области кои може да се зголемат уште повеќе, рече тој.

На станбениот фронт, Владата планира да обезбеди 19.460 приватни единици во фискалната година до крајот на март, што е со 8% над целта. Тоа е најголемиот придонес од 2010-та година, вели Пол Чан, секретар за урбанизам на градот.

Цените на станбените имоти во Хонг Конг се зголемиле до рекордни нивоа, а обемот на продажбите се кренал. Тоа ги разбива претходните прогнози дека мерките ќе ја намалат продажбата до 70%.

Цените на приватните домови во ноември ги достигнаа највисоките нивоа од барем првите достапни податоци од 1979-та година, објавија властите.

„Владата ќе вложи максимални напори за да се идентификуваат дополнителни соодветни локации за изградба и внимателно ќе ја следи пазарната ситуација“, вели уште Чан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП