30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски раст меѓу 3 и 3.5 проценти предвидуваат НБРМ и Владата

Економски раст меѓу 3 и 3.5 проценти предвидуваат НБРМ и Владата

bdp

Според проекцијата на Владата, наредната година се предвидува економски раст од 3 проценти, а според Народната банка на Република Македонија се предвидува 3,5 проценти.

Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 проценти на реална основа.

Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.

Градежништвото се очекува да има раст од 5,2 проценти, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 проценти и индустријата од околу 2 проценти.

НБРМ смета дека оваа година се очекува растот на БДП да ја надмиме проекцијата и да изнесува 2,3 проценти. Исто така, очекува закрепнување на економијата и растот да достигне 3,5 проценти во 2017 и 2,7 проценти во 2018 година.

Министерот за финансии Кирил Миноски вели дека деновиве има континуирано стапки на раст на БДП кои се движат над 2,5 проценти.

Главни носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП