30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот трговски ден годинава отворен со блок трансакција со акциите на Фершпед

Последниот трговски ден годинава отворен со блок трансакција со акциите на Фершпед

makedonska-berza

Последниот трговски ден од оваа година на Македонската берза за хартии од вредност беше отворен со блок трансакција со акциите на Фершпед АД Скопје.

Вкупно сто триесет и девет акции по цена од 40.000 денари беа истргувани во четвртокот, со што беше остварен промет од 5,56 милиони денари кој претставуваше 61,56 отсто учество во вкупниот промет од 9.100.046,58 денари.

Најголем пад на вредноста, од 7,66 отсто, со просечна цена од 768,26 денари забележа акцијата на Стопанска банка АД Скопје, а по неа следеа акциите на РЖ Услуги со пад од 6,86 проценти и просечна вредност на акцијата од 95 денари и акцијата на Гранит АД Скопје со пад од 1,58 отсто, и просечна вредност на акцијата од 580 денари.

Последната листа на добитници оваа 2016 година ја предводеше со најголем раст од 9,92 отсто акцијата на Адинг АД Скопје, со просечна цена од 665 денари за акција.

Индексот МБИ-10 денот и годината ги заврши на вредност од 2.134,91 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ на вредност од 127,83 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП