28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДесет години Skype

Десет години Skype

skype

„Skype“ го слави својот десетти роденден. Оваа платформа за четување, аудиo и видео комуникација денес ја користат најмалку 600 милиони луѓе, а сопственик на „Skype“ во меѓувреме стана „Microsoft“ кој за тоа плати 8.5 милијарди долари.

Дали станува збор за роденденска честитка, обука, разговор за работа или сосема обична комуникација, „Skype“ за голем број на корисници на компјутери и паменти телефони стана незаменлив. Комуникацијата на оддалеченост од повеќе илјадници километри не е проблем и тоа со само еден клик на глувчето, а што е најприфатливо за сите е бесплатно.

Во согласност со јубилејот „Skype“ со своите корисници сподели информација за нов рекорд. Повеќе од 33 милиони часови дневно се поминуваат во четување, телефонски или аудио и видео разговори преку „Skype“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП