17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабото евро може да го зголеми германскиот извоз во 2017-та година

Слабото евро може да го зголеми германскиот извоз во 2017-та година

izvoz-ge399

Германскиот извоз ќе се зголеми за 2,5 отсто во следната година, прогнозира Здружението на германските извозници „BGA“.

Организацијата, сепак, предупреди дека поради заканата од меѓународните кризи во 2017-та година може да стане тежок период за најголемата европска економија.

Вкупниот обем на германскиот извоз се очекува да се зголеми до 1,23 илијади милијарди евра следната година, што ќе биде раст со 2,5 отсто во однос на околу 1,2 илјади милијарди евра во 2016-та година.

Побарувачката во странство на германските стоки е поттикната од слабото евро, забележува асоцијацијата.

Германската трговија сепак не е имуна на меѓународните кризи по несигурноста во 2016-та година, предупреди шефот на здружението Антон Бјорнер при претставувањето на прогнозата.

Следната година нема да биде лесна, бидејќи на веќе постоечките ризици ќе се додадат неколку нови за странските бизнис, посочи тој.

Ова ги вклучува ризиците кои произлегуваат од плановите на Велика Британија да ги започне преговорите за излез од ЕУ, евентуална политичка неизвесност во Италија по неуспешниот референдум во оваа година и опасноста од ново активирање на кризата во еврозоната, прецизира Бјорнер.

На светската сцена има опасност од промената во Белата куќа да доведе до пресврт во економската политика на САД, што ќе го зајакне уште повеќе подемот на протекционизмот во светот, додава експертот.

Според него главната задача во новата година ќе биде да се расчисти пред јавноста дека слободната размена на стоки и услуги во светот носи повеќе предности отколку недостатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП