30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИтната медицинска помош со 24 часовна грижа за граѓаните за новогодишните празници

Итната медицинска помош со 24 часовна грижа за граѓаните за новогодишните празници

brza-pomos-1

Службата за Итна медицинска помош за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

„На новогодишната ноќ итната медицинска помош ќе располага со 13 медицински тима распоредени во постоечките 9 пункта дисперзирани во различни делови од градот (Карпош,Јане Сандански, Чаир, Ченто, Драчево, Ѓорче Петров,Петровец,Глумово и Чучер Сандево). На тој начин се опфаќа целосна покриеност и ефикасна здравствена заштита на корисниците на нашата дејност“, се вели во соопштението од ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”.

Во склоп на Службата за ИМП ќе дежураат и осумте ординации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници и тоа во во Поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Перов, Драчево, Идадија и Бит Пазар.

Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП