28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најтргуваните валути во светот во 2016-та година

График на денот: Најтргуваните валути во светот во 2016-та година

valuti-0001

Кои се најтргуваните валути во светот во 2016-та година? Веројатно не е изненадувачки дека неприкосновен лидер како најтргувана валута од гледна точка на вредноста за оваа година е Американскиот долар со удел од 87,6%.

Ова го покажува денешниот график на „Statista“ базиран на податоците на Банката за меѓународни порамнувања (BIS) – меѓународната финансиска институција на светските централни банки.

На второ место како најтргувана валута е еврото, иако со доста помал удел – само 31,3%. Првите три се дополнуваaт со јапонскиот јен со 21,6%.

Кинескиот јуан веќе е на 8-мо место на најдобро тргувана валута во светот со вкупен удел од 4,0%, што е двапати повеќе од резултатите само пред три години.

Дигиталните валути како биткоинот не се земаат предвид во извештаите на „BIS“. Биткоинот сепак ја завршува годината доста силно и најверојатно ќе стане најдобро претставуваната валута за 2016-та година, како и минатата година.

Во последните 30 дена биле тргувани биткоини за околу 3 милијарди долари, што значи околу 100 милиони долари на ден.

Во однос на традиционалните валути вкупниот обем на трансакции на ден е 5,1 илјади милијарди долари. Пресметувањето на дневен промет само на кинеските јуани е 202 милијарди долари на ден.

Тоа значи дека обемот на тргувани јуани е околу 2.000 пати повеќе од оној на биткоинот, а вкупните девизни трансакции – 51.000 пати. Со други зборови за биткоинот треба да помине доста време за да го заземе своето место меѓу најтргуваните валути во светот.

valuti-0002

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП