19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина ќе се гради 30.000 километри брза пруга

Во Кина ќе се гради 30.000 километри брза пруга

brzi-kina33

Кинеските власти планираат до 2020 година да ја прошират мрежата на брзи пруги на 30.000 километри, што е дел од плановите на повисоки трошоци за инфраструктурни проекти во насока на зголемување на економскиот раст.

Со оваа мрежа ќе бидат поврзани повеќе од 80 одсто од големите градови, изјави заменик министерот за транспорт Јанг Јудонг и додаде дека Кина планира до 2020 година во изградба на железницата да вложи вкупно 3,5 илјади милијарди јуани односно 504 милијарди долари.

Вкупната должина на брзи пруги во Кина минатата година изнесувала 19.000 километри.

Јанг на конференција за печат ги претстави плановите за подобрување на транспортните услуги, кои ја вклучуваат реконструкција на автопати и побрза изградба на железнички пруги, што ќе помогне на помалку развиените области во централна и западна Кина.

Економскиот раст во Кина во текот на изминатите шест години беше забавен, а властите се обидуваат да ја пренасочат економијата од производство и извоз на веќе самоодржливиот раст основан на домашната потрошувачка.

Претходните две години се зголеми износот за изградба на автопатишта и други јавни работи.

Во средата почна да работи и нова брза пруга која ги поврзува финансискиот центар на Шангај на истокот на земјата и Кунмин во сиромашната провинција Јуан на југозапад.

Пругата е долга 2.252 километри, а време за патување е скратено од 35 на 11 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП