26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите за најубаво украсени објекти

Доделени наградите за најубаво украсени објекти

%d0%b4%d0%b51

Скопјанецот Денчо Јосимов, во четврток доби награда од Град Скопје за најубаво новогодишно украсен двор, а парите ќе ги донира за болно дете во Кратово.

Скромниот радишанец, во неврзан муабет по доделувањето на наградите, кажа дека парите од наградата, 10.000 денари сака да ги донира на болно дете во Кратово. „Се местат работите како што треба“, коментираше со насмевка Јосимов.

Покрај него, наградени за најубаво украсени објекти одностно тераса се и Богоја Китанчев, за најубаво украсен угостителски објект е избран ресторанот „Рагуза“, а за најдобро украсен учулишен двор, беше избрано средното училиште „Никола Карев“.

%d0%b4%d0%b52

„Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – со која ги поттикнуваме средните училишта и нашите сограѓани да ги украсат своите работни простории и домови со новогодишни декорации и да придонесат за разубавување на празничниот амбиент. Ме радува фактот што оваа манифестација е прифатена од граѓаните и тие учествуваат во сите категории, а за да се обезбеди максимална транспарентност изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите. На наградените во првите три категории Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2016 година“, рече Трајановски, кој на сите им посака добро здравје и успеси во Новата година.

%d0%b4%d0%b55

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им даде благодарница на ЕВН Македонија за долгогодишната поддршка и за учеството во оваа градска манифестација.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата компанија веќе традиционално учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје, и нагласи дека и во иднина ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.

%d0%b4%d0%b54

ЕВН ­Македонија на добитниците на наградите ќе им ја платат декемвриската сметка за потрошена електрична енергија.

Директорката на СУГС „Никола Карев“ Елизабета Марковска Ставревска истакна дека редовно учествуваат на оваа манифестација и оти првпат ја добиваат наградата, а во украсувањето учествувале повеќе ученици, заедно со професорите.

%d0%b4%d0%b56

„Да се украси еден училишен двор треба доста време, труд, но пред сѐ желба за нашето училиште да изгледа убаво и новогодишно украсено“, рече Марковска Ставревска.

Сопственикот на „Рагуза“ Мирко Голомеиќ рече дека првпат учествуваат на манифестацијата и се задоволни од освоената награда.

%d0%b4%d0%b53

За прогласувањето на победниците решаваше комисија составена од новинари од повеќе медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП