3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата мрежа на оне.Вип со одлични перформанси, технолошката надградба продолжува и во...

Новата мрежа на оне.Вип со одлични перформанси, технолошката надградба продолжува и во 2017

one-vip-696x380

Новата мрежа на оне.Вип, во делот на интернет брзината на патиштата, е најбрза во Македонија, информираат од компанијата, по податоците од мерењата што ги извршила Агенцијата за електронски комуникации(АЕК).

АЕК мерењата ги извршила во периодот од 6 јули до 9 декември на територијата на целата земја, во градовите и тест рутите, односно поголемите патишта низ државата.

Од оне.Вип истакнуваат дека во 2016 година имале исклучително успешна година, со оглед на спојувањето на Оне и Вип во октомври 2015 година, како и со технолошкиот предизвик со кој се справиле при интегрирањето на мрежите и инсталирање на нова опрема, при што биле инвестирани неколку десетици милиони евра.

„Спојувањето на мрежите на двете компании е еден од најкомплексните процеси спроведени во Европа и значи спојување на преку 1,1 милион корисници во рекордно време за една година со минимално нарушување на континуитетот на услугите кон корисниците. За модернизација на мрежата оне.Вип инсталираше преку 3.300 нови антени на базните станици, повеќе од 200 километри оптички и напојни кабли, а потоа реализираше преку 1.000 посети на локации за фино подесување на мрежните елементи“, вели Димитар Ковачевски, новиот извршен директор на компанијата.

Од компанијата за следната година најавуваат дозавршување на проектот на интеграција на мрежите, како и новини во делот на фиксната телефонија што ќе придонесат за поголем бенефит за корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП