2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабостите на пазарот за недвижнини извршија притисок на индексите на Волстрит

Слабостите на пазарот за недвижнини извршија притисок на индексите на Волстрит

wall stre35

На Волстрит цените на акциите забележаа пад, бидејќи инвеститорите ги загрижија податоците за опаѓањето на продажбата на куќите, што би можело да биде првиот знак дека зголемувањето на каматните стапки има негативно влијание врз пазарот за недвижности.

Dow Jones забележа пад од 0,56 отсто, на 19.833 бодови, додека S&P 500 склизна за 0,84 отсто, на 2.249 бодови, a Nasdaq индексот за 0,89 отсто, на 5.438 бодови.

Најголем дневен пад на S&P 500 индексот од 11 октомври меѓу другото е резултат на падот на цените на акциите во секторот на недвижности, откако беше објавено дека бројот на договори за продажба на постоечки домови во САД во ноември падна на најниско ниво во една година.

На пазарите тој податок е протолкуван како можен прв сигнал дека очекувањата за растот на каматата почнува да врши притисок врз пазарот на недвижности, па така PHLX индексот за недвижности склизна за 1,2 отсто, што е најниско ниво во последниве три недели.
Значително падна и S&P индексот од технолошкиот сектор, за 0,9 отсто, откако еден ден претходно го достигна највисокото ниво од 2000 година.

“Во текот на денот имаше доволно лоши вести, кои го притиснаа пазарот надолу”, изјави Кит Блис, потпретседател на Cuttone & Co.

Пазарот со недели бележи благ раст што се должи на надежите на инвеститорите дека плановите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците, зголемувањето на инвестициите во инфраструктурата и олабавената регулатива во одредени сектори ќе го забрзаат економскиот раст.

Но, плановите Трамп можат да доведат и до зајакнување на инфлацијата, па се очекува дека американската централна банка, по зголемувањето на каматните стапки во декември за 0,25 отсто, идната година ќе го забрза темпото за зголемување на каматите, што вообичаено има негативно влијание врз пазарот на акции.

Обемот на тргување вчера беше слаб, што е и вообичаено за оваа сезона. На американските берзи сопственици замениле околу 4,8 милијарди акции, додека во последните 20 дена просечниот дневен обем изнесуваше 7,2 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП