29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на цените на куќите на Островот најверојатно ќе забави во 2017-та...

Растот на цените на куќите на Островот најверојатно ќе забави во 2017-та година

kuki-uk33

Растот на цените на куќите во Велика Британија бил релативно стабилен во 2016-та година, но најверојатно ќе се забави следната година, пишува „ВВС“, цитирајќи го британскиот кредитор „Nationwide Building Society“.

Според последните движења на индексот „House Price Index“ на компанијата, средните цени се зголемиле за 4,5% во последните 12 месеци – истото темпо како во 2015-та година.

Организацијата смета дека Велика Британија ќе оствари „малку побавен“ раст во следната година, бидејќи економијата слабее.

Од „Nationwide“ велат дека е поверојатен раст на цените на куќите од „околу 2%“, отколку пад.

Според индексот клучен тренд за 2016-та година е „цедилото“ на станбениот пазар во Лондон, кој до неодамна се промовирал над просекот.

За прв пат по 2008-ма година растот на цените во престолнината бил побавен од просекот на Велика Британија, а цените се зголемиле за 3,7% во текот на годинава во однос на 12,2% во 2015-та година.

Во исто време Јужна Англија како целина продолжува да има „малку посилен раст на цените“, отколку Северна Англија, иако разликата се повеќе се стеснува.

Растот на цената во Велс, Шкотска и Северна Ирска „останува слаб“, вели „Nationwide“, иако секоја земја забележува благо зголемување во целина – односно од 2,4%, 2,2% и 0,7%.

Главниот економист на „Nationwide“, Роберт Гарднер вели дека изгледите за 2017-та година ќе „зависат во голема мера од пошироката економија, околу која има повисок степен на несигурност од обично“.

„Како и повеќето аналитичари, вклучувајќи ја Англиската централна банка, очекуваме британската економија скромно да забави во следната година, што најверојатно ќе доведе до помалку стабилни услови на пазарот на трудот и малку побавен раст на цените на куќите“, рече тој.

„Продолжуваме сепак да сметаме дека мал раст е повеќе веројатен од пад, бидејќи се очекува ниските каматни стапки да ја зајакнат побарувачката, додека во исто време недостигот на станови на пазарот ќе продолжи да обезбедува поддршка на цените на куќите“, вели Гарднер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП