10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикој како нив - по санкциите двојно посилни

Никој како нив – по санкциите двојно посилни

5817087385864e1f9dfeef409435523_w640

Нема многу земји кои како Иран имале толкава корист од закрепнувањето на нафтениот пазар во 2016 година, оценува њујоршката агенција Блумберг.

Од ублажувањето на санкциите кон Иран во јануари, овој производител на нафта од Персискиот залив двојно го зголеми извозот на „црното злато“, бидејќи цените на тој енергент закрепнаа и бидејќи доби „зелено светло од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да го зголеми производствто додека другите членки на нафтениот картел имаат обврска да го намалат.

„Иран е дефинитивно во подобра состојба отколку кога ја започна оваа година. Сега на Иран му се потребни странски инвестиции“, изјави аналитичарот од Комерцбанк, Карстен Фрич.

Иако повеќето заливски земји се соочија со падот на нафтените приходи поради падот на цените на нафтата, Иран со три пати поголема популација од Саудиска Арабија и со економија која е помалку зависна од нафтата, го забрза својот економски раст, наведува Блумберг.

Како би го задржал замавот, официјален Техеран настојува да привлече повеќе од 100 милијарди долари странски инвестиии во својата нафтена индустрија која со години беше лишена од технологијата и финансиските средства.

Иран оваа година го зголеми производството на нафта за 870.000 барели дневно и стана трет најголем производител во ОПЕК, според Блумберг.

Иранската екномија влегува во 2017 година засилена, благодарение на успехот на државното раководство во преговорите за исклучување на земјата од договорот за намалување на производството на нафта, откако членките на ОПЕК во ноември се согласија колективно да го намалат пумпањето започнувајќи од 1-ви јануари.

„Тоа е голем успех“, оценува Фрич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП