12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУчениците на зимски распуст од петок до 18-ти јануари

Учениците на зимски распуст од петок до 18-ти јануари

9444golema

За учениците петокот е последниот училишен ден во првото полугодие од 2016/2017 година.

Окoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци, ќе бидат на зимски распуст и во клупите ќе се вратат на 18-ти јануари 2017 година.

Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат од Министерството за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП