19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонските фабрики го зголемија производството

Јапонските фабрики го зголемија производството

radnici

Фабричкото производство во Јапонија во ноември порасна, а производителите очекуваат понатамошен раст на производството во наредните месеци, покажаа објавените податоци.

Сето тоа, како што оценува Ројтерс, оди во прилог на тврдењата на јапонската централна банка дека скокот од глобалната побарувачка ќе поттикне стабилен економски раст во Јапонија.

Прометот со стока на мало во ноември исто така порасна, додека залихите паднаа трет месец по ред, што се нови сигнали за подобрување на економската ситуација во третата најголема светска економија.

„Иако на домашната побарувачка и понатаму и недостасува замав, забрзувањето на извозот го подигнува производството, кое во наредниот период веројатно ќе продолжи да закрпенува“, изјави главниот економист на инстражувачкиот институт Норинчукин, Такеши Минами.

Индустриското производство во Јапонија во ноември порасна за 1,5 проценти во однос на октомври, покажаа денес обајвените податоци на Јапонското министерство за трговија.

Таквите податоци доаѓаа по растот на производството во септември од 0,6 проценти и стагнацијата во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП