17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките банки со надеж ја очекуваат 2017-та година

Грчките банки со надеж ја очекуваат 2017-та година

grcki banki 33

Раст на доделените кредити во 2017-та година прогнозираат во банкарскиот сектор на Грција, пишува „Катимерини“. Весникот посочува дека следната година очекувањата се раст на доделените кредити со 2% или 5 милијарди евра.

Кризата влијаеше не само на заштедите, но и го ограничи земањето на кредити во земјата. Тоа се одрази не само на поединци, туку и на бизнисот. На пример, во декември 2010-та година корпоративните кредити беа во вредност од 130 милијарди евра. Во октомври 2016-та година нивната вредност е 93 милијарди евра.

За поединци доделените кредити се намалуваат од 119 милијарди евра до 91 милијарди евра за шесте години на криза.

Дополнителната ситуација во банкарскиот сектор во земјата се влоши по воведувањето на банкарскиот „одмор“ во минатото лето и контролата на капиталот.

Заздравувањето ќе зависи од повеќе фактори, предупредуваат во секторот. На прво место тоа е финализирањето на вториот преглед на спасувачката програма за земјата, посочува уште „Катимерини“. Ова ќе и овозможи на Грција да влезе во програмата на Европската централна банка (ЕЦБ) за квантитативни олеснувања.

Влијание ќе има и враќањето на довербата на Грците во банкарскиот сектор и враќањето на депозитите во банките, како и во целина од климата во земјата и ќе има ли политички кризи во следната година.

Недостатокот на само еден фактор може да ги урна надежите на банкарите дека кризата за секторот е кон својот крај.

Загриженост кријат и податоците од анкетите кои покажуваат дека очекувањата – и на Грците и на бизнисот, за наредните години не се многу позитивни. Но и во исто време има некое стабилизирање на бизнис климата – видливо главно по зголемувањето на инвестициите, на која се потпираат и банкарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП