27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреполовен сообраќајот во Мадрид поради загадениот воздух

Преполовен сообраќајот во Мадрид поради загадениот воздух

madrid

Шпанската престолнина Мадрид објави во средата дека на сите приватни автомобили чиишто регистарски таблички завршуваат со парна бројка ќе им биде забрането движењето во градот во четвртокот за да се ограничи загаденоста на воздухот.

Мерката следеше по сувото сончево време кога го подигна над лимитот на Европската унија нивото азотен оксид, гасот кој предизвикува проблеми на респираторниот тракт, како што е астмата.

Ограничувањето на парните и непарните бројки на регистрации би можело да трае додека и трае зголеменото ниво на загаденост на воздухот, соопштија мадридските градски власти.

Мадрид подоцна од другите европски метрополи почна со применување на мерките против загаденоста. Лондон воведе казни за сообраќајни прекршоци пред повеќе од десет години, а Париз некои делови од улиците во самиот центар на градот ги направи пешачки зони.

Поради намалување на издувните гасови, Мадрид во средата воведе привремена забрана за паркирање во центарот на градот за оние кои не живеат таму, и ја ограничи брзината на главните градски сообраќајници од 90 на 70 километри на час.

Во Мадрид и приградските населби има речиси четири милиони автомобили, еден на секои две лица, и околу милион камиони, комбиња и мотоцикли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП