22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ги преферираат дебитните пред кредитните картички

Американците ги преферираат дебитните пред кредитните картички

katticki3

Кредитните картички бележат се поголем интерес поради бонусите кои ги нудат, но всушност друг метод за исплата е фаворизирана од страна на многумина во САД, кога станува збор за плаќања – дебитни картички.

Во однос на зачестеното плаќањето со дебитни картички се пред бројот на трансакциите извршени со кредитни картички, покажува објавениот извештај на Федералните резерви „Payments Study 2016“ (Истражување на плаќања во 2016-та година), посочува „MarketWatch“.

Податоците покажуваат дека Американците оствариле 69,5 милијарди плаќања со дебитни картички во 2015-та година, во споредба со 33,8 милијарди трансакции со кредитни картички (Федералните резерви ги анализира трансакциите, користејќи податоци од финансиските институции и платежните компании, вклучувајќи ги мрежите со картички).

Претходните студии покажале дека дебитните картички се најпосакувани при помали купувања, дури и за оние со вредност под 5 долари. Уделот на носителите на дебитни картички, кои ги користат за мали по големина плаќања, достигнува 27% во 2016-та година, што претставува зголемување од пет процентни поени од 2014-та година, покажува истражувањето на „CreditCards.com“.

Во исто време за прв пат во 2016-та година корисниците почесто плаќале со картичка, отколку на рака, според податоците на истражувачката компанија „Euromonitor International“.

Во однос на износите во долари, сепак Американците користат кредитни картички за поголеми купувања. Корисниците потрошиле вкупно 3,2 илјади милијарди долари со кредитни картички во 2015-та година во споредба со речиси 2,6 илјади милијарди долари со дебитни картички. Износот и кај двата вида картички расте од 7% годишно меѓу 2012-та и 2015-та година.

Во исто време, студијата покажа дека долгот на средното американско домаќинство од кредитни картички е околу 16.000 долари, што е за 10% повеќе во споредба од пред 10 години.

Некои млади Американци се особено склони да користат кредитни картички. Американскиот претседател Барак Обама го потпиша специјалниот Закон за кредитните картички во 2009-та година, кој им отежнува на корисниците под 21 години да аплицираат за кредитни картички. Околу 65% од генерацијата на т.н. „millennials“ (родените меѓу 1980-та и 2000-та година) има барем една кредитна картичка во споредба со 78% од Американците од генерацијата „X“ (родените на крајот на 60-тите и во 70-тите) и 83% од генерацијата на „бејби бумот“, покажува анкета на истражувачката компанија „Gallup“ во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП