17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Со активни мерки до поддршка на жените во приватниот сектор

ССК: Со активни мерки до поддршка на жените во приватниот сектор

zeni-ssk22

Во Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа промоција на активните мерки за поддршка на жените во приватниот сектор.

Слободанка Алексовска, Директор на Центарот за вработување Скопје истакна дека стапката на невработеноста е на најниско ниво од 23,4 отсто .

„Во мерките за вработување кои што ги спроведуваме се внимава најмалку 30 отсто да бидат застапени жените, иако овој процент помалку или повеќе во зависност од мерката се надминува. Во период од 2007-2016 година вкупно во сите мерки и услуги за вработување имаме апликации од над 51.651 лица жени, од нив 22.544 се во работен однос, тоа покажува дека над 50 отсто се жени. За истиот период во многу од мерките имаме големо учество на жените, во мерката самовработување нивното учество е над 35,8 отсто, во мерката самовработување со кредитирање над 33,3 отсто се жени, ова се показатели кои укажуваат дека претприемачкиот дух кај жената е на високо ниво. Во мерката практиканство 2.098 млади невработени лица од женскиот пол добиле пракса или учеството на жените овде е над 66,5 отсто, обуки за општи вештини за странски јазици и компјутери се посетени од 67,7 отсто од жени, во мерката обука кај познат работодавач се вработени над 75,1 отсто% жени и во сите мерки нивното учество е на високо ниво“, изјави Алексовска.

Оперативниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, Александар Зарков, истакна дека бројни се компаниите водени од жени, кои здружено делуваат во насока на подобрување на деловното опкружување.

„Со цел подобрување на работата на жените во приватниот сектор и нивна промоција, во рамки на Сојузот, формирана е и активно придонесува со свои предлози и мерки Групацијата за жени претприемачи. Групацијата брои над 300 членови, поточно жени на високи позиции во корпоративниот свет, но и жени сопственици на бизнис. Заеднички успеваме да придонесеме во стимулирање на одредени програми кои имаат за цел да ги поддржат жените во тековното работење преку реализација на наменски обуки за жените претпреимачи и имплементација на различни проекти за поддршка во процесот на добивање на консултантски услуги и пристап до финансии за компаниите раководени од жени“, изјави Зарков.

Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени истакна дека континуирано работат на економско јакнење на жената преку зајакнување на неколкуте клучни моменти, како што се женското претприемништво, жените на менаџерски пизиции, согледувањето и решавањето на проблемите со родовиот јаз во платите.

„Познато ни е дека жените поретко од мажите преземаат бизнис потфати, а уште помалку жени преземаат технолошки интензивни деловни потфати, коишто би резултирале со поголеми обрти и поголеми добивки. Исто така, согледуваме дека жената е малцинство во управувачките структури колку е нивото на управување повисоко, толку е помал бројот на жени“, изјави Дисовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП