5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските претприемачи создаваат ce повеќе работни места

Германските претприемачи создаваат ce повеќе работни места

german-88

Германските претприемачи имаат исклучително успешни неколку години. Според новото истражување во последните месеци тие создале непропорпоционално многу работни места.

Околу 4.700-те поголеми семејни фирми во Германија oтвориле во периодот меѓу 2012-та и 2015-та година за околу 7% повеќе нови вработени. Ова станува јасно од истражувањето на Федералниот совет на германската индустрија (BDI) и на „Deutsche Bank“. Генерално во истиот период компаниите во Германија вработиле малку над 5% повеќе вработени.

„Семејните претприемачи се вистински мотори за вработување во Германија“, појаснува Ханс-Тони Јониус, претседател на комисијата за средните компании во „BDI“. Особено многу нови места според податоците во 2015-та биле создадени само во индустријата (раст од 3,7 отсто). Во трговијата пак во 2015-та година има пад од околу 1,3 отсто. Според анализата повеќето семејни компании се со приходи од над 50 милиони евра и се со седиште во најгусто населената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Таму има 1995 слични фирми.

Распределба на семејните бизниси во Германија по покраини

german-89

На второ и трето место во оваа своевидна класификација се рангираат Баварија и Баден-Виртемберг со 914 и соодветно 830 големи семејни фирми. Општо земено повеќе од шест од десет фирми се со седиште во една од овие три провинции.

Според бројот на населението сепак лидер во ова рангирање е Хамбург – на 100.000 жители во овој град се по 11 големи семејни компании. Второ и трето место ги заземаат Бремен и Баден-Виртемберг.

За сметка на тоа доста песимистички е сликата во поранешната Источна Германија. На Мекленбург-Западна Померанија, Тирингија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт паѓаат по околу 1% од големите семејни бизниси во земјата. Во Саксонија овој удел е 1,5%.

И во однос на големината на населението и во однос на бројот големи претприемачки иницијативи овие покраини се на дното на листата.

„Тоа е првенствено последица од фактот дека пред Обединувањето во овие области речиси немало можност за развој на приватен бизнис“, појаснува Штефан Бендер од „Deutsche Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП