10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1-ви јануари стартува Интегрираниот тарифен систем за сите превозници

Од 1-ви јануари стартува Интегрираниот тарифен систем за сите превозници

sistem-jsp33

Интегрираниот тарифен систем кој важи за сите превозници вклучително и приватните превозници, стартува од 1 јануари 2017 година.

„Почнувајќи од новата година, корисниците на јавниот превоззадолжително треба да поседуваат електронска картичка, која може да се набави во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници“, информираат од Град Скопје.

Со влегувањето во сила на Интегрираниот тарифен систем, Градот Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.

„Ве известуваме дека доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет паричник. За единствено возење се користи електронскиот паричник“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП