1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе влошува деловната доверба во Германија

Се влошува деловната доверба во Германија

germanija1

Деловната доверба во Германија во април е вложена, објави германскиот институт ИФО, чија неодамнешна студија покажа далеку повнимателен пристап на лидерите за бизнис.

ИФО индексот за деловната клима прилагоден за сезонските фактори во април е намален на 104,4 поени, од претходните 106,7 поени кои беа забележани во март, објави денес германскиот институт за економија.

Шефот на одделот за анализа на деловниот циклус и истражување на ИФО, Каи Карстенсен, изјави дека основниот индекс е задржан на високото ниво, но дека се рефлектира зголемена неизвесност во врска со иднината.

„ИФО индексот на деловната клима во германската индустрија и трговија во април е намален. Иако голем дел на испитаници тековната деловна ситуација ја оценија како добра, тие искажаа и многу поголема претпазливост отколку во претходниот месец. Нивните очекувања за во иднина се пригушени. Германската економија е на пауза“, изјави Карстенсен.

Слабиот индекс на деловна доверба во најголемата европска економија би можел да се приклучи на серијата слаби економски показатели во еврозоната, кои неодамна го зајакнаа притисокот кон Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали веќе рекордно ниската основна каматна стапка од 0,75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП