17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофили на Фејсбук и Твитер ви се потребни за влез во САД

Профили на Фејсбук и Твитер ви се потребни за влез во САД

zname-usa-333

Властите на САД почнале да бараат од посетители на државата да достават информации за нивните профили на социјалните мрежи, а мерката е дел од напорите да се идентификуваат потенцијални терористи, објави Гласот на Америка.

Веќе од минатата недела, од странците кои доаѓаат во САД преку програмата за визно олеснување, се очекува да дадат информации за социјалните платформи што ги користат, и за имињата на нивните кориснички сметки.

Доставувањето вакви информации не е задолжително, и американските официјални лица велат дека нема да спречат влез на оние што ќе одбијат да откријат такви податоци.

Групата која ги претставува компаниите, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер и Гугл, коментираше дека новата мерка ја загрозува слободата на изразувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП