Во првите 11 месеци од годинава индустриското производство бележи раст за 3,4 отсто, споредбено со истиот период лани, додека пак на месечно ниво, во ноември е за 4,9 отсто пониско во однос на минатата година.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележи пад од 16,8 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија бележи пад од 5,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, пареа и климатизација е забележан раст од 21,6 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика.
Производството во ноември, бележи пораст кај индустриските групи и тоа во Енергија за 8,5 отсто, Капитални производи за 4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 отсто.