3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпромнефт: Без агресивно зголемување на производството на нафта

Газпромнефт: Без агресивно зголемување на производството на нафта

%d0%bd%d0%b0%d1%84%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%84%d1%82%d0%b0

Рускиот производител на нафта Газпромнефт најави дека ќе го зголеми производството во наредната година за 4,5 до 5,0 проценти, јавува агенцијата Ројтерс.

Тоа е помалку во однос на претходно најавеното зголемување, кое претходеше на придружувањето на Русија до договорот кој го потпишаа членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на глобалното производство на нафта.

„Нормално дека пред договорот со ОПЕК планиравме поагресивно зголемување на производството“, изјави генералниот директор на компанијата Александар Џуков пред новинарите.

Како што додаде, Газпромнефт очекува дека во оваа година ќе произведе 85,8 милиони тони јаглеводороди и дека нето профитот на компанијата значително ќе порасне.

Исто така изјави дека компанијата ќе достигне ниво на производство од 150.000 барели дневно во ирачкото наоѓалиште Бадр во 2018 година, а не во 2017 година, како и дека буџетот на компанијата за наредната година се базира на просечната цена на нафтата од 48 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП