21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо годините на криза богатството на Грците се намали за 40%

Во годините на криза богатството на Грците се намали за 40%

kriza-gr33

Грците имаат изгубено 40 проценти од своето богатство во годините на криза, објави електронското издание на грчкиот весник „Та неа“, повикувајќи се на истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Истражувањето покажува дека пет отсто од домаќинствата во еврозоната, кои се финансискики најсилни, имале 37,8 отсто од нето богатството во 2014-та година. Во исто време пет отсто од најсиромашните домаќинства имале само долгови.

Просечното нето богатство на домаќинствата во еврозоната е намалено за околу десет проценти во периодот 2010 – 2014 година на 104.000 евра главно поради падот на цените на имотите.

Проблемот со задолженоста во еврозоната се продлабочува поради нееднаквоста, бидејќи земјите во периферијата како Грција, Италија, Шпанија и Португалија се соочуваат со сериозни тешкотии, а земјите во јадрото на еврозоната како Германија се развиваат значително побрзо.

Податоците покажуваат дека богатството на просечно домаќинство во Грција и Кипар е намалено за 40 отсто.

Според пресметките на „ЕЦБ“, богатството на домаќинствата во Грција е намалено од 108.700 евра во 2009-та година до 65.100 евра во 2014-та година.

Интерес претставуваат и податоците за потеклото на приходите на грчките граѓани во разгледуваниот петгодишен период. Ако во 2005-та година 54 отсто од приходите доаѓале од платата, 8,4 отсто од имот и 8,1 отсто од финансиски инвестиции, тогаш во 2014-та година приходите од плати се паднати до 46,9 отсто, од имот – 5,9 отсто и од финансиски инвестиции – 7,3 проценти.

Од 2005-та година до 2014-та година богатството на Германците, пак, се зголемило за десет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП