20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба во рецесија во 2016, прв пат после две децении

Куба во рецесија во 2016, прв пат после две децении

263341173584fa8e041bee935878674_w640

Венецуелската економска криза ја турна Куба во рецесија во 2016 година, прв пат во текот на повеќе години, изјави кубанскиот претседател Раул Кастро.

Бруто домашниот производ на Куба паднал за 0,9 проценти во однос на минатогодишниот раст од 4,4 проценти, изјави Кастро во националниот парламент, пренесува агенцијата Франс прес.

Венецуела, најблискиот сојузник и економски партнер на Куба, поминува низ тешка економска криза поради ниските цени на нафтата, главниот извозен производ на земјата. Каракас поради тоа ги намали испораките на нафта на Куба оваа година за 40 проценти.

„Лимитираните испораки на нафта и финансиските недостатоци се влошија во втората половина од годината, што доведе до намалување на БДП за 0,9 проценти“, изјави Кастро.

Тоа е за прв пат од 1995 година влада на еднопартиска комунистичка земја да извести за негативен раст, наведува француската агенција.

На почетокот на 1990-тите, по распадот на поранешниот советски блок, кубанската економија последично падна за 15 проценти за една година.

Кастро изјави дека, и покрај тешките економски времиња, социјалните услуги и понатаму се бесплатни и дека тој предвидува раст од околу два проценти во 2017 година.

Венецуела се наоѓа во рецесија веќе трета година по ред и има најголема инфлација на светот, за која Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека би можела да достигне 475 проценти оваа година, пренесува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП