2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пораст на цените на акциите на Волстрит

Благ пораст на цените на акциите на Волстрит

Wall-Street

На Волстрит цените на акциите забележаа благ пораст, тоа се должи благодарение на добрите економски показатели, при шти Nasdaq индексот го достигна највисокото ниво во историјата.

Dow Jones зајакна за 0,16 отсто, на 19.945 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,22 отсто, на 2.268 бодови, a Nasdaq индексот 0,45 отсто, на рекордни 5.487 бодови.

Доброто расположение на пазарот се должи на подобрите, отколку што се очекуваше, економски индикатори.

Довербата на потрошувачите во САД во декември го достигна највисокото ниво во последните 15 години бидејќи очекуваат подобрување на бизнис условите, додека цените на куќите во октомври продолжија со стабилно зголемување.

Пазарот веќе неколку недели е поддржан од оптимизмот на инвеститорите дека плановите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во врска со намалувањето на даноците, зголемување на инвестициите во инфраструктурата и олабавената регулатива во одредени сектори кои ќе го забрзаат растот на економијата.

Благодарение на силниот раст на цената на акциите на 8 ноември, кога Трамп победи на изборите, Dow Jones е во плус за околу 14 отсто, а S&P 500 индексот на околу 11 отсто, во однос на почетокот на годината.

“Инвеститорите вложуваат многу надеж во новата влада. И економските показатели се добри – не се разликуваат премногу во однос на оние од пред шест месеци “, вели Фил Бланкато, директор на фирмата Ladenberg Thalmann Asset Management.

По божиќните и во очи на новогодишните празници, обемот на тргување е слаб. На берите во САД, сопственици вчера заменија само околу 4,13 милијарди акции, додека во последните 20 дена просечниот дневен обем изнесуваше 7,27 милијарди долари.

И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,06 отсто, на 7.068 бодови, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,19 отсто, на 11.472 бодови, а парискиот CAC 0,18 отсто, на 4.848 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП