2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците поради Трамп "полетаа" како никогаш досега

Американците поради Трамп “полетаа” како никогаш досега

trump

Довербата на американските потрошувачи во декември се искачи на највисокото ниво од август 2001 година, бидејќи Американците се пооптимистични во однос на изгледите на земјата повеќе отколку во последните 13 години, покажува денес објавениот извештај на истражувачката организација „Conference Board“, со седиште во Њујорк.

Индексот на доверба порасна на 113,7 поени од ревидирани 109,4 поени во ноември, пренесува агенцијата Блумберг, додавајќи дека се предвидувало дека тој ќе изнесува 109 поени.

Степенот на потрошувачките очекувања за наредните шест месеци се искачил на 105,5 од 94,4 поени, што е највисокото ниво од декември 2003 година. Индексот за проценка на сегашната состојба опаднал на 126,1 од 132 поени.

Уделот на Американци кои очекуваат подобри услови за бизнис во наредните шест месеци започнувајќи од сега, скокна на 23,6 проценти од 16,4 проценти, што е најмногу од февруари 2011 година.

Американските домаќинства очекуваат дека администрацијата на Доналд Трамп ќе испорача резултати, и пооптимистични се при проекциите за изгледите на економијата, пазарот на труд и своите приходи, покажува извештајот на „Conference Board“.

Овие резултати го потврдуваат неодамна објавеното истражување на Универзитетот во Мичиген и Националната федерација за независно работење, кои покажаа дека залетот на раположението на домаќинствата и деловниот сентимент е поради ветувањата на Трамп дека ќе поттикне отворање на нови работни места, ќе ги намали даноците и ќе ја поедностави регулативата.

„Постизборниот бран на оптимизам во поглед на перспективите на економијата, вработувањата и приходите, како и движењето на цените на акциите кои достигнаа 13-годишен рекорд, бил најизразен кај повозрасните потрошувачи“, наведе во соопштението Лин Франко, директорка за економски индикатори во „Conference Board“.

„Што се однесува за 2017 година, продолжувањето на оптимизмот на потрошувачите ќе зависи од тоа дали нивните очекувања ќе бидат остварени“, додаде таа, пренесува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП