6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк го критикува данокот за финансиските трансакции на ЕУ

Бундесбанк го критикува данокот за финансиските трансакции на ЕУ

Belgium EU Nobel Peace Prize

Гувернерот на Бундесбанк Јенс Вајдман смета дека планираното воведување на данок на финансиските трансакции во ЕУ може да има негативно влијание врз монетарната политика.

„Од аспект на монетарната политика, данокот на финансиските трансакции во сегашната форма може да биде многу критичен“, изјави гувернерот на Бундесбанк Јенс Вајдман.

Европската унија ги претстави плановите за воведување на данок на финансиските трансакции, со кој трговијата со акции и обврзници ќе се оданочува со 0,1 проценти, додека трговијата со финансиски деривативи ќе се оданочува со 0,1 процент.

Со овој данок е планирано да се соберат од 30-35 милијарди евра годишно, а за неговото воведување се залагаат 11 земји на ЕУ, меѓу кои Германија и Франција, но сеуште не е познато кога овој закон би требало да стапи на сила.

„Одредени последици не можат веднаш да бидат видливи, но може да се покажат како фатални. Пример за тоа е планираниот данок на финансиските трансакции“, изјави Вајдман.

„Данокот во основа е договорен, но непредвидените несакани ефекти можат да бидат клучни. Исклучително важно е да се истражат регулаторните мерки пред неговото воведување, а за тоа е потребно време“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП