2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВозете внимателно: Слаб снег на Маврово, Шапка, Плетвар…

Возете внимателно: Слаб снег на Маврово, Шапка, Плетвар…

%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b1-%d1%81%d0%bd%d0%b5%d0%b3

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива тековно по влажни коловози во северозападниот и југозападниот дел, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Маврово, планинскиот превој Плетвар, Штип и Делчево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП