1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри акции со промет над милион денари

Три акции со промет над милион денари

mk-berza-kke

Тргувањето на Македонска берза за хартии од вредност во вторникот три акции го завршија со промет поголем од милион денари.

Акцијата на Комерцијална банка Скопје со промет од 1,3 милиони денари, на Просветно дело АД Скопје оствари промет од 1,2 милиони денари и акцијата на НЛБ Банка АД Скопје со промет од 1,1 милион денари.

Најголем пад од 16,67 отсто беше реализиран со акциите на Фустеларко Борец Битола, во една трансакција со реализирано количичество од 161 акција, по просечна цена од 1200 денари.

Листата обитници ја предводеше акцијата на Бетон АД Скопје со раст од 2,97% и достигна цена од 10.400 денари.

Вкупниот промет изнесуваше 6.029.797,34 денари, и беше реалзиран преку 42 трансакција, а се тргуваше со 13 хартии.

Индексите МБИ10 и ОМБ пораснаа за 0,31, односно 0,05 отсто, и достигнаа вредност од 2.169,93 денари и 127,42 денари, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП